Мисијата на УТМС Алумни клубот е оддржување и интензивирање на соработка на дипломираните УТМС студени, споделување на знаења, практики и искуства и подобрување на комуникацијата во функција на продолжени бенефити од образованието, зголемена вработливост и пренесување на искуствата на идните генерации.
УТМС Алумни клубот има за цел:
● Да ја зголемува меѓусебната соработка, вработливост и мрежа на членовите на УТМС Алумни клубот преку редовни средби, состаноци и социјални настани
● Да комуницира со тековните студенти преку информативни сесии за студентите, за кадарот, менаџментот, засегнатите страни, според годишниот програма на активности;
● Позитивно и проактивно да се вклучува во методологијата и наставната програма на универзитетот, обезбедувајќи дополна и подобрен квалитет на постоечката програма
● Ажурирање на базата на УТМС Алумни клуб
● Да ги помага во процесот на обезбедување на практикантска работа или вработување на студентите на УТМС;
● Активно и доследно да одржува добри врски со инволвираните страни преку редовни договори и средби во текот на годината;