Алумни клубот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје е екстензија на академската и професионалната позиционираност на дипломираните студенти во функција на поттикнување за вмрежување, одржување и интензивирање на соработката. Активностите со членовите на Алумни клубот се реализираат преку состаноци, формални бизнис настани и социјални активности кои ја потенцираат деловната врска. Алумни клубот на УТМС е континиум во повеќе општествени правци и основа за генерациско пренесување на иксуствата. Клубот остварува соработка на повеќе нивоа, директно грижејќи се за интересите на универзитетот, советодавните одбори на УТМС, Центарот за кариера на УТМС и тековните студенти.